Сојузот на спортови на Скопје ќе ги додели традиционалните награди „13 Ноември“
- Во чест на Денот на ослободувањето на градот, Сојузот на спортови на Скопје ќе ја одржи традиционалната свеченост по повод доделувањето на наградите „13 Ноември“.
Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) – Во чест на Денот на ослободувањето на градот, Сојузот на спортови на Скопје ќе ги додели наградите „13 Ноември“.
Свеченоста ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот во конференциската сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“.
Наградата „13 Ноември“ се доделува од 1970 година и претставува признание за поединци, спортски клубови, тренери и организации кои со своите постигнувања и посветеност оставиле значаен придонес за развојот на спортот во Скопје.ар/
Фото:Лого