Свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници
- Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска ќе се одржи свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници.
Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска ќе се одржи свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници.
Како што информираат од Министерството за одбрана, на одржувањето на свеченоста ќе се обратат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник проф. д-р Ненад Танески.
На настанот ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали, високи претставници од Министерството за одбрана и Армијата, претставници од воено - дипломатскиот кор како и роднини и пријатели питомците, студентите и слушателите. фф/вг/
Фото: МИА Архива