Промоција на книгата „Бен Акиба - о нама“ од Бранислав Нушиќ
- Во Скопје денеска ќе се одржи промоција на книгата „Бен Акиба: о нама“ со изложба на карикатури со ликот на Бранислав Нушиќ во авторство на карикатуристот Зоран Товирац - Тоцо.

Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) - Во Скопје во галеријата „Метаноја“ денеска ќе се одржи промоција на книгата „Бен Акиба: о нама“ со изложба на карикатури со ликот на Бранислав Нушиќ во авторство на карикатуристот Зоран Товирац - Тоцо.
Организатор на промоцијата е галеријата „Метаноја“ во соработка со „Нушиќ фондација“ од Белград.
Настанот ќе го отвори директорката на „Галерија Метаноја“, Нада Милкова, а свое обраќање ќе има директорот на „Нушиќ фондација“ Небојша Нушиќ, внукот на Бранислав, скулпторот Синиша Новески, претставник на „Фондација Нушиќ“ за Македонија и Коста Милков, рецензент на книгата.бт/са/
Фото: плакат