Потпретседателот на Владата Стоилковиќ на конференцијата „Western Balkans 2030“ во Белград
- Во рамки на престојот во Белград, Стоилковиќ ќе оствари и работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ. На средбата ќе се разговара за потпишување меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заедничките инвестициски проекти, како и за заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум што ќе се одржи во Македонија на 2 и 3 декември.
Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Република Србија, каде ќе учествува на конференцијата „Western Balkans 2030“, во организација на Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Во рамки на престојот во Белград, Стоилковиќ ќе оствари и работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ. На средбата ќе се разговара за потпишување меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заедничките инвестициски проекти, како и за заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум што ќе се одржи во Македонија на 2 и 3 декември.
-Посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан, наведуваат од Кабинетот на потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците. мч/бк/
фото: МИА