• сабота, 22 февруари 2025

Отворање на ЕДИХ - прв европски дигитален иновациски хаб во државава

Отворање на ЕДИХ - прв европски дигитален иновациски хаб во државава

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Во Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје денеска ќе биде отворен прв европски дигитален иновациски хаб во Северна Македонија - ЕДИХ.

Како што е најавено, на свеченото отворање на ЕДИХ поздравни говори ќе имаат министрите за образование и наука и за дигитална трансформација, Весна Јаневска и Стефан Андоновски, ректорката на Скопскиот универзитет, Биљана Ангелова и професорот од ФЕИТ,  Димитар Ташковски.

Во рамки на настанот ќе се одржи и панел-дискусија на тема: „Улогата на европските дигитални иновациски хабови во дигиталната трансформација на општеството“. хс/са/

Фото: плакат

 

Остани поврзан