Мицкоски ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување
- Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување.
Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување.
Како што информираат од владината прес-служба, настанот ќе се одржи во свечената сала на Владата. По завршување на настанот прес-конференција за медиуми ќе одржи премиерот.

Со годинашниот Оперативен план Владата вложува над 40 милиони евра за поддршка на активното вработување, преквалификација, самовработување и поддршка на претприемништвото. Преку мерките се очекува опфат на повеќе од 16.000 невработени лица низ различни програми, обуки и субвенционирани можности за вработување.
Целта на овие мерки е поттикнување на претприемништвото, унапредување на вештините и полесна интеграција на невработените лица на пазарот на трудот.фф/са/
Фото: МИА Архива