• петок, 05 декември 2025

Македонската современа уметност во Чешка: изложба „Експериментален цртеж“ во градот Табор

Македонската современа уметност во Чешка: изложба „Експериментален цртеж“ во градот Табор

Табор, 5 ноември 2025 (МИА) – Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) денеска во градот Табор, Република Чешка, ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“ каде ќе бидат претставени дела од македонски современи ликовни уметници кои учествуваа на истоимената изложба во 2023 и 2025 година.

Станува збор за проект кој ја истражува слободата на изразот преку цртежот како медиум, надминувајќи ги традиционалните граници на техниката и формата.

Изложбата е дел од програмските активности на ДЛУМ и е поддржана од Министерството за култура и туризам на Македонија, со цел промоција на македонската визуелна уметност на меѓународната сцена. бк/са/

фото: ДЛУМ

Остани поврзан