• петок, 21 февруари 2025

„Изгреби за здравје“ за предизвиците со кои се соочуваат жените Ромки

„Изгреби за здравје“ за предизвиците со кои се соочуваат жените Ромки

Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) - Пред Спомен-куќата на Мајка Тереза денеска од 12:00 до 14:00 часот ќе биде поставена интерактивна табла со грепка, а минувачите ќе имаат можност да изгребаат и да откријат кои се клучните проблеми со кои се соочуваат жените Ромки во државава. 

Се работи за креативен активизам „Изгреби за здравје“, кој е во рамки на проектот „Унапредени права на девојките, жените и ранливите групи“, поддржан од ЦИВИКА МОБИЛИТАС. Организатор е Здружението Инцијатива за правата на жените од Шуто Оризари. 

- Овој активизам е дизајниран како начин да се подигне свеста за дискриминацијата и социо-економските предизвици со кои се соочуваат Ромките, како и да се создаде простор за јавна дебата и можности за промена, соопшти организаторот. мд/са/

Фото: Лого на Здружението Инцијатива за правата на жените од Шуто Оризари 

Остани поврзан