• петок, 05 декември 2025

ЗНМ организира настан на тема „Безбедноста на новинарите во дигиталната ера“

ЗНМ организира настан на тема „Безбедноста на новинарите во дигиталната ера“

Скопје, 19 ноември 2025 (МИА) - Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска, во рамки на Деновите на медиумска писменост, организира настан на тема „Безбедноста на новинарите во дигиталната ера“.

На насатанот ќе се отвори стручна дискусија за актуелните ризици, механизмите за заштита и предизвиците со кои новинарите се соочуваат и онлајн и на терен.

На дискусијата ќе учествуваат и претставници од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи, Министерството за дигитална трансформација и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои ќе ги споделат своите согледувања и препораки. мч/са/

фото: МИА 

 

Остани поврзан