Без вода хотелот „Континентал“ и трговскиот центар „Ист гејт“
- Поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај „Континентал“), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотелот „Континентал“ и трговскиот центар „Ист гејт“.
Скопје, 30 јануари 2026 (МИА) - Поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај „Континентал“), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотелот „Континентал“ и трговскиот центар „Ист гејт“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности. сст/са/
фото МИА архива