• сабота, 17 јануари 2026

Наставниците од Кисела Вода на подготвителни обуки за европски проекти

Наставниците од Кисела Вода на подготвителни обуки за европски проекти

Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Во организација на Секторот за локален економски развој и Секторот за образование при Општина Кисела Вода, денеска се одржа обука за наставници од основните училишта на територија на општината, наменета за зајакнување на капацитетите за подготовка за европски проекти.

Како што соопштуваат од општината, обуката е дел од континуираните активности на локалната самоуправа, насочени кон унапредување на квалитетот на образованието и создавање современи услови за работа во училиштата.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, истакна дека вложувањето во обуки за подготовка за европски проекти претставува значајна инвестиција во иднината на образованието.

-Со јакнење на знаењата и компетенциите на наставниците, создаваме основа за поквалитетна, иновативна и современа настава. Овие обуки им овозможуваат на училиштата да се развиваат, да разменуваат искуства и да бидат дел од пошироките европски образовни процеси, што на долг рок носи придобивки и за наставниците и за учениците, нагласи градоначалничката Стаменкоска Трајкоска стои во соопштението. вг/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан