• четврток, 04 декември 2025

Нападнат овчар во липковско Матејче

Нападнат овчар во липковско Матејче

Куманово, 24 ноември 2025 (МИА) - Нападнат е овчар додека ги напасувал овците во липковското село Матејче, соопшти денеска кумановската полиција.

- Вчера во 01:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода О.О.(52) од село Матејче, липковско, затоа што физички го нападнал А.С.(36) додека ги пасел овците, соопшти полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ам/сст/


Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан