• среда, 10 декември 2025

Намалено нивото на Тиквешкото Езеро, жителите бараат мерки за надминување на неповолната состојба

Намалено нивото на Тиквешкото Езеро, жителите бараат мерки за надминување на неповолната состојба

Кавадарци, 19 ноември 2025 (МИА) - Загрижени тиквешани реагираат за нивото на водата во Тиквешкото Езеро.  Според нив, состојбата е жална и бараат преземање мерки за надминување на неповолната состојба за езерото, втора по големина вештачка акумулација во државата.

 - Јас конкретно сакам да ја опишам ситуацијата на Тиквешко Езеро. Сега котата е околу 240 м.н.в, а минималната кота треба да биде околу 250 м.н.в. Од 2017 годна па наваму трае уништувањето на езерото, рибниот фонд, биодиверзитетот на езерото, самиот опстанок на живиот свет, внатре во езерото и околу него, функционирањето на рибниците и на крајот граѓаните што имаат вили долж езерото, а еден од нив сум и јас, изјави Трајче Јоновски, кој е само еден од тие што реагираат на намаленото ниво на водата во езерото. свд/мд/

Фото: Трајче Јоновски

Остани поврзан