Навреме отворени гласачките места во Куманово
- Навреме се отворени гласачките места во Куманово, информираше претседателката на општинската изборна комисија, Кристина Цветковска. Право на глас, денеска, на вториот круг од локалните избори, имаат 94 041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои гласаат на 164 избирачки места.
Куманово, 2 ноември 2025 (МИА) - Навреме се отворени гласачките места во Куманово, информираше претседателката на општинската изборна комисија, Кристина Цветковска. Право на глас, денеска, на вториот круг од локалните избори, имаат 94 041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои гласаат на 164 избирачки места.
Вчера гласаа болните и немоќни лица во Куманово, корисниците на услугите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и на осудените во казнено-поправната установа Куманово. Право на глас имаа гласаат 212 болни и немоќни лица и 42 лица, сместени во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, а во казнено-поправната установа затвор Куманово (К’шање) право на глас имаа и 79 осудени лица. ам/лв/
Фото: МИА