На универзитетите во Словачка воведени вонредни мерки по закани за бомби
- Неколку универзитети во Словачка добиле закани за бомби, по што се преземени неопходни мерки во соработка со полицијата, јавија локалните медиуми.

Братислава, 31 јануари 2025 (МИА) – Неколку универзитети во Словачка добиле закани за бомби, по што се преземени неопходни мерки во соработка со полицијата, јавија локалните медиуми.
Мерките на претпазливост се спроведуваат во соработка на универзитетите, Министерството за образование на земјата и полицијата, соопшти Министерството.
- Министерството за образование е во контакт со универзитетските администрации. Бараме сите да ги следат упатствата на универзитетот и полицијата, се вели во соопштението.
Католичкиот универзитет во Ружомберок соопшти дека ја прекинува работата до понеделник поради закана за бомба. јт/
Фото: Католички универзитет во Ружомберок