На Тајван евакуирани над 8.000 луѓе поради тропската бура Фунг-вонг
- Повеќе од 8.300 луѓе се евакуирани од крајбрежните и планинските области на Тајван поради тропската бура Фунг-вонг
Тајпеј, 12 ноември 2025 (МИА) – Повеќе од 8.300 луѓе се евакуирани од крајбрежните и планинските области на Тајван поради тропската бура Фунг-вонг.
Фунг-вонг имаше сила на супертајфун кога на 9 ноември ги погоди Филипини, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето, прекин на електричната енергија и усмрти 27 луѓе.
Фунг-вонг сега е со сила на тропска бура и се очекува ветерот да губи брзина и сила како се приближува до Тајван.
Во централните и јужните делови на Тајван затворени се училиштата и институциите. ми/
фото: МИА архива