• понеделник, 08 декември 2025

На граничните премини Дојран и Табановце чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

На граничните премини Дојран и Табановце чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Скопје, 8 декември 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по наместа влажни коловози, а намалане авидливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека. 

Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. Се апелира на внимателно возење и почитување на сообраќајните правила. 

Во однос на границите, времето на чекање на граничниот премин „Дојран“ е 30 минути, а на ГП „Табановце“ за излез од земјава се чека 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан