На ГП Ники (ГП Меџитлија) забрана за движење товарни возила
- На ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење товарни возила, која ќе трае до 10 јануари до 10 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ. Сообраќајот на другите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Скопје, 9 јануари 2026 (МИА) - На ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење товарни возила, која ќе трае до 10 јануари до 10 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на другите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2025 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2026 година. Патниот правец Охрид - Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.3.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево. вг/
Фото: МИА Архива