• понеделник, 08 декември 2025

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

Скопје, 7 декември 2025 (МИА) - На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на патниот правец од селот Гајре кон Попова Шапка и од 100 – 150 метри на планинскиот премин Пресека. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан