На 12 ноември во ЦК „Бели Мугри“ – манифестација „Љубов за сите“ во спомен на ликовната уметничка Андријана Мациев
- Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, во малата сала, на 12 - ти овој месец со почеток во 18 часот, ќе се одржи Манифестацијата „Љубов за сите“, во чест и спомен на прерано починатата ликовната уметничка, Андријана Мациев, ќерка на познатиот естраден уметник, Јулија Мациевска.
Кочани, 11 ноември 2025 (МИА) - Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, во малата сала, на 12 - ти овој месец со почеток во 18 часот, ќе се одржи Манифестацијата „Љубов за сите“, во чест и спомен на прерано починатата ликовната уметничка, Андријана Мациев, ќерка на познатиот естраден уметник, Јулија Мациевска.
На манифестацијата, која во Кочани ќе го доживее своето деветто издание, ќе бидат изложени дела од три циклуси на Андријана Мациев: „Живот во бои“, „Женски Приказни“ и „Шарени вибрации - Разбуди се, погледни во сонцето и насмевни се“.
Централното место на ово настан од културата го има промоцијата на автобиографското дело „ Јас сум жива“ на Андријана и на нејзината мајка Јулија Мациевска, која ја има улогата на коавтор.
Книгата е разголување на сопствената душа до болка и живо сведоштво за животот на земјата и животот од другата димензија после преминот.
Мациевска ја повкува публиката во Кочани да дојде на овој настан во „Бели мугри“ и заедно со неа да ги споделат болката и тагата за чедата кои заминаа во Вечноста, заедно да ја разберат радосната вест дека тие се живи ангели“.ис/
Фото: плакат „Бели мугри“