Муцунски во Виена ги презентираше владините политики за привлекување нови странски инвестиции
- Во рамки на работната посета на Виена, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со компаниите, членки на Здружението на индустријалци.
Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Во рамки на работната посета на Виена, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со компаниите, членки на Здружението на индустријалци.

-Во своето обраќање пред претставниците на приватниот сектор, министерот Муцунски ги информираше австриските бизнисмени за новите можности за економска соработка, економските и трговските политики на Владата, како и за мерките насочени кон привлекување странски инвестиции, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
На средбата се дискутирало за можностите за продлабочување на соработката во делот на инфраструктура, енергетика, дигитализација и технолошки иновации, со цел зголемување на трговската размена и инвестициите. дма/вг/
Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија