• недела, 11 јануари 2026

Муцунски: Божиќ е празник што нè потсетува на најважните вредности – мирот, човечноста, солидарноста и грижата еден за друг

Муцунски: Божиќ е празник што нè потсетува на најважните вредности – мирот, човечноста, солидарноста и грижата еден за друг

Скопје, 7 јануари 2026 (МИА) - Честит Божиќ, Христос се роди! Божиќ е празник што нè потсетува на најважните вредности – мирот, човечноста, солидарноста и грижата еден за друг. Во време на предизвици, токму овие вредности нè обединуваат и ни даваат сила да продолжиме напред, се вели во божикната честитка што ја упати министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. 

- Нека празничните денови бидат исполнети со топлина во домот, здравје и радост во семејството и надеж за подобро утре. Да ги поминеме заедно, со најблиските, во духот на меѓусебна почит, разбирање и заедништво, пишува Муцунски на Фејсбук. ев/вг/

ФОТО: Фејсбук Муцунски 

Остани поврзан