Мичел-Малм: Алонсо би можел да ја продолжи кариерата за да се приклучи на Ред Бул
- Новинарот Скот Мичел-Малм предложи Ред Бул да го покани шпанскиот возач Фернандо Алонсо, кој моментално го претставува тимот на Астон Мартин, да се приклучи на нивниот тим.

Лондон, 4 февруари 2025 (МИА) - Новинарот Скот Мичел-Малм предложи Ред Бул да го покани шпанскиот возач Фернандо Алонсо, кој моментално го претставува тимот на Астон Мартин, да се приклучи на нивниот тим.
Според новинарот, ова би можело да биде привремено решение за Ред Бул.
- Тимот има неколку интересни возачи во својата програма, но тие се уште не се подготвени да настапат на високо ниво. Алонсо е возач од светска класа на кој може да му се верува, но тој нема долго да биде во борба за столчето. Ова е веројатно единствениот тим за кој Алонсо би можел да го напушти Астон Мартин и да ја продолжи кариерата во Формула 1, смета Мичел-Малм.
Четириесет и тригодишниот Алонсо е двократен светски шампион во Формула 1. зс/
Фото: ЕПА