Мицотакис изразил задоволство од постигнувањето прекин на огнот меѓу Израел и Либан во телефонските разговори со Аун и Нетанјаху
- Важноста од одржување на прекинот на огнот за стабилноста и мирот во поширокиот регион ја нагласил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонските разговори со либанскиот претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и паралелно изразил задоволство од постигнувањето десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан, информираа од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 17 април 2026 (МИА) - Важноста од одржување на прекинот на огнот за стабилноста и мирот во поширокиот регион ја нагласил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонските разговори со либанскиот претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и паралелно изразил задоволство од постигнувањето десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан - информираа од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.
Според овие информации, за време на синоќешните телефонски разговори со Аун и Нетанјаху, Мицотакис бил информиран за последните случувања во Либан и ја нагласил потребата либанската влада да оствари целосен суверенитет над сите територии на земјата.
- Истакна дека Грција одржува стратешки односи со Израел и одлични односи со Либан изразувајќи ја паралелно подготвеноста на нашата земја да помогне онаму каде што е потребно. Ја нагласи и важноста од одржување на прекинот на огнот за стабилноста и мирот во поширокиот регион - информираа од кабинетот на Мицотакис. ср/мс/
Фото: Архива МИА