• понеделник, 20 април 2026

Аун: Одговорните за нападот врз француските припадници на УНИФИЛ ќе бидат кривично гонети

Аун: Одговорните за нападот врз француските припадници на УНИФИЛ ќе бидат кривично гонети

Бејрут, 18 април 2026 (МИА) - Либанскиот претседател Жозеф Аун денеска изјави дека одговорните за нападот врз француските припадници на мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) ќе бидат кривично гонети.

Во соопштението објавено од либанското претседателство се наведува дека Аун во телефонски разговор му изразил сочувство на францускиот претседател Емануел Макрон, како и дека го осудил инцидентот, објави „Тајмс оф Израел“.

Еден француски војник е убиен, а тројца други се ранети во нападот врз мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ). рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан