Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности за мултифункционален центар во Аеродром
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција и целосно уредување на нов мултифункционален центар во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром, кој се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“.
Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција и целосно уредување на нов мултифункционален центар во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром, кој се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“.
Договор за изградба на центарот во јули потпишаа министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски.

Се работи за простор на површина од 1400 квадратни метри кој со години беше запуштен и без намена. Како што беше соопштено на потпишувањето на договорот, во план е за две до две и пол години општина Аеродром да добие мултифункционален центар во кој ќе има киносала, мултифункционален простор за изложби и останатиот дел канцеларии и соби за техника.
Министерството за култура и туризам има потпишало 20-ина договори во општини низ државава за изградба на мултифункционални центри, од кои дел се градат во главниот град и се значајни и за проектот Скопје – Европска престолнина на културата 2028. хс/са/
Фото: МИА архива