Мицкоски во посета на Општина Гевгелија
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“ во Општина Гевгелија, чија изградба чинеше 56 милиони денари.
Скопје, 8 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на нова градинка „Сончогледи“ во Општина Гевгелија, чија изградба чинеше 56 милиони денари.
Како што информираат од владината прес-служба, при посетата на Гевгелија Мицкоски ќе изврши увид во градежните работи на Старата градска чаршија која е инвестиција од над 40 милиони денари.
Премиерот Мицкоски ќе изврши и увид во градежните работи за изградба на нов парк со детско катче со површина од 3.150 метри квадратни, каде што по завршување на активностите предвидено е да даде изјава за медиумите. фф/лв/
Фото: МИА Архива