Митева: Одлуката на Владата да се разреши Коцевски е оправдана и е резултат на извештајот на Транспаренси
- Вечерва во ,,Објектив“ на МТВ, гостуваше Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Влада, и истакна дека иницијативата на Владата за разрешување на јавниот обвинител Коцевски е резултат на темелна анализа на состојбите во правосудниот систем, кои се одразуваат во негативните статистики и извештаи. Таа нагласи дека Владата има одговорност не само да ги констатира проблемите, туку и да презема мерки. Според неа, потребна е реформа во правосудството, како и решавање на проблемите со недостатокот на кадар и ефикасност во судскиот систем.

Скопје, 12 февруари 2025
Вечерва во ,,Објектив“ на МТВ, гостуваше Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Влада, и истакна дека иницијативата на Владата за разрешување на јавниот обвинител Коцевски е резултат на темелна анализа на состојбите во правосудниот систем, кои се одразуваат во негативните статистики и извештаи. Таа нагласи дека Владата има одговорност не само да ги констатира проблемите, туку и да презема мерки. Според неа, потребна е реформа во правосудството, како и решавање на проблемите со недостатокот на кадар и ефикасност во судскиот систем.
Митева изјави дека одлуката на Владата е оправдана, бидејќи е базирана на темелна анализа на последните настани и извештаи кои ја опишуваат позицијата на Македонија. Според неа, важен е проактивниот пристап, не само констатирање на состојбите, туку и преземање мерки. Митева смета дека секој во Владата треба да преземе одговорност за ситуацијата во рамките на својата функција.
,,Сметам дека многу аргументи има зошто е донесена една ваква одлука на последната седница на Владата. Сметам дека е добро анализирана состојбата која што се случувала изминативе години и месеци. Сметам дека во самата најава споменавте и извештаи кои што ја рангираат Македонија или ја спуштаат едно, две, три, па некогаш и 12, 13, 15 места надолу. Сметам дека како Влада имаме одговорност да не делуваме само аналитички, не можеме само да ги констатираме состојбите и за истото да даваме сопствено мислење дали е добро или лошо без притоа да превземаме било какви чекори. И тука некаде ценам дека ваквата одлука на Владата е сосема оправдана. Мислам дека потребно е секој да превземе одговорност за состојбите кои ги има при обавувањето на позицијата која што ја врши“, изјави Митева.
Митева додаде дека според статистиките за довербата на граѓаните во правосудниот систем, како и актуелните случаи со криминални вмешаности, елементи од последниот извештај на Транспаренси, присуството на врховни судии во контроверзни ситуации и скандалите во Судскиот совет, одлуката е оправдана, а Владата како носител на одговорност мора да ги преземе потребните чекори.
,,Ако ги погледнеме статистиките за довербата на граѓаните во правосудниот систем во целина, ако погледнеме какви се состојбите и со какви случаи ние се среќаваме, ако видиме дека имавме јавен обвинител кој беше вмешан во криминал и е дел од овој последен извештај на Транспаренси, ако видиме дека имаме врховен судија кој е вклучен, ако ги видиме скандалите во Судскиот совет и ако ги земеме сите тие состојби во целина, тогаш сметам дека една ваква одлука и те како е оправдана и очекувана од граѓаните, а од нас како Влада да ја превземеме“, нагласи Митева.
Митева истакна и дека како партија, ВМРО-ДПМНЕ, се обврзани на реформи во правосудството, осигурувајќи одговорност за сите прекршители на законите. Таа додаде дека се работи и на решавање на проблемите со слабиот судски систем и недостатокот на кадар, со цел обезбедување на ефикасно судење.
,,Како политичка партија зборувавме дека ќе направиме реформа во правосудниот систем и дека секој оној кој се огрешил пред законот ќе одговара. Како одговорна власт и како власт која размислува како да овозможи на слабото судство, кое има огромен број на предмети, да се соочи со недостатокот на кадар, кој ќе треба да овозможи ефикасно и ефективно судство“, истакна Митева.
Митева: Решителноста за работа по закон од страна на Владата не треба да се перцепира како вршење на притисок во Судскиот совет
„Беа споменати многу работи и констатирани состојби, но некако никаде не слушнавме што е суштината на целата оваа состојба. Прво велите дека поставеноста на власта е во рамки на Законодавна, Извршна и Судска и тука ќе се согласиме сите, тука апсолутно немаме никаква дилема. На самиот крај од вашиот говор, пак велите зошто ги разрешувате само пет луѓе од Судски совет, а притоа свесни сте дека Собранието е тоа коешто ги избира тие пет лица на коишто се бара нивно разрешување“, прецизираше во своето излагање портпаролката на Влада и член на Извршен комитет, Марија Митева во вечерашното гостување во дебатната емисија „Објектив“ на МРТ осврнувајќи се на работата на Судски совет.
Митева во својот говор објасни дека соговорникот од опозициската СДС, нема конзистентност во својот говор. Имено, таа објасни дека опозицијата не превземала дејствија за да ја реши состојбата во правосудството, иако граѓаните имале ниска доверба во истото.
„Што значи, доколку барате сега од претседателот на Владата да бара разрешување на целиот Судски совет, тогаш вие сте тие коишто предлагате како политичка партија власта да се меша во работата на Судската власт. Така што, немате конзистентност во говорот од самиот почеток до крајот. Дополнително, морам да констатирам дека тезата којашто ја користите во рамки на тоа како е поделена власта е само уште еден аргумент којшто го потврдувате годините наназад додека ја практициравте власта, и некако тоа го гледавте како аргумент за да не превземете дејствија со коишто ќе се справите со ниската доверба којашто ја имаат граѓаните во правосудството, затоа што ценам дека на вас и на вашата политичка партија таквата состојба ви одговараше во правосудниот систем во целина“ , децидна е Митева.
Митева додаде дека дека Владата даде шанса на членовите на Судскиот совет со цел да го превземат и спроведат правото онака како што е напишано во самите закони по коишто треба да постапуваат.
„Е сега, која е разликата? Ние имаме велите осум месеци, за овие осум месеци ги слушавте изјавите и на Претседателот Мицкоски и на претставници од ВМРО-ДПМНЕ во коишто велевме не сме ние како Социјалдемократскиот сојуз, нема со една одлука на владина седница да разрешиме се веднаш што било поставено од Социјалдемократски сојуз. Нешто што вие далечната 2017 година го направивте со една одлука на влада. И велевме, да дадеме шанса на тие луѓе, да видиме како ќе работат, да ги мотивираме, да ги охрабриме да го превземат правото онака како што е напишано во самите закони по коишто тие треба да постапуваат“ , додаде Митева.
Митева објасни дека ветувањата од предизборитето што ВМРО-ДПМНЕ ги даде на граѓаните мора да се реализираат, додавајќи дека решителноста за работа по закон од страна на Владата не треба да се перцепира како вршење на притисок во Судскиот совет.
„Ние континуирано во овие осум месеци гледаме работење спротивно на истото. Ние излеговме пред граѓаните на избори пред само осум-девет месеци, ние дававме ветувања почитуван пратеник Милевски. Мора да постапиме пред тоа што сме го ветувале. И не можам да се согласам дека една ваква желба за работење во согласност со закон некој ќе ја смета за притисок или влагање во работата на Извршната во Судската власт. Комплетно не се согласувам, комплетно сметам дека граѓаните тоа го очекуваат од работата на Влада. Самиот велите дека таму има во Оценската мисија препораки коишто се вкупно 40, а 17 се обврска на Судски совет. Можете да ми кажете колку од тие Судскиот совет има исполнето? Јас бев пратеник во Собрание кога го гледав извештајот на Судски совет, немаше ниту една од тие наведени во Извештајот дека тие ја испочитувале и исполниле. Дали тоа е доволен показател дека тој Судски совет не постапува по препораките“ , заклучува Митева.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ