• сабота, 22 февруари 2025

Мистерија на „избришаната“ девојка од белгискиот град Бален 

Мистерија на „избришаната“ девојка од белгискиот град Бален 

Брисел, 2 февруари 2025 (МИА) - Белгиската полиција објави дека покренала потрагата по жена која исчезнала пред 14 години, но нејзиното исчезнување никогаш не било пријавено на надлежните органи. 

Како што јави белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ, станува збор за Хајди Де Шепер од фламанскиот град Бален, за чија судбина веќе 14 години не се знае ништо.  

Полицијата посочува дека е зачудувачко што никој не го пријавил нејзиното исчезнување, од причина што Де Шепер, која тогаш имала 26 години, живеела заедно со нејзиниот партнер и нивните три деца на возраст од две, три и седум години. 

Таа е родена во местото Мерксем, а по тешкото детство и тинејџерски години во родниот дом, на 18 години ги прекинала сите контакти со нејзиното семејство и со своето тогашно момче, а подоцна партнер, се преселиле во Бален. 

На 6 мај 2010 година од надлежната државна служба била подигната привремена возачка дозвола на името на Де Шепер, по што и се губи секаква трага. Привремената возачка дозвола никогаш не била заменета со трајна, а во меѓу време истекла и важност на личната карта на Де Шепер. 

Сепак, според полиција, не е јасно дали привремена возачка дозвола во 2010 години ја подигнала самата Де Шепер или тоа го сторил некој друг во нејзино име.  

ВРТ посочува дека за да биде мистеријата поголема, во ноември 2010 година Де Шепер била избришана од матичната евиденција, со што административно гледано таа „повеќе не постои“. 

Владата на вчерашната седница донесе Уредба за примена на Законот за општа управна постапка за време на вонредна состојба, со која се уредуваат определувањето и продолжувањето на роковите во

Информацијата за бришењето на Де Шепер од евиденцијата за телевизијата ја потврдила и актуелната градоначалничка на Бален, Софи Лајсен, која вели дека по толку време не може да се утврди кој и како утврдил дека Хајди Де Шепер повеќе не престојува на адресата на која што живеела и ја избришал од регистарот. 

- Документите не ни дозволуваат да го дознаеме тоа, затоа што тие се чуваат само неколку години. Значи, не можеме да кажеме ништо за причината (за бришење). Може да побарал партнерот, сопственикот (на живеалиштето), неговите нови сопственици... Сметам дека е тешко да дознаеме. Можно е полицијата да има некои документи, но не можам да кажам нешто за тоа, изјави Лајсен.  

Согласно белгиското законодавство, за некој да биде отстранет од евиденцијата мора да се потврди веродостојноста на барањето за бришење или лицето повеќе од шест месеци да не живее на адресата која е пријавена како негово живеалиште, а нема пријавено нова адреса на живеење.  

Бришењето од евиденцијата значи дека сите лични документи на лицето стануваат невалидни, со што тоа не може да обезбеди здравствено и социјално осигурување, ниту пак да врши банкарски трансакции.  

Претставник на Јавното обвинителство за ВРТ изјавил дека веќе е покрената истрага за тоа како Де Шепер е избришана од евиденцијата. 

- Сигурно е дека таа е официјално избришана и тоа е предмет на истрага. Сепак, во овој момент е многу поважно да се дознае каде е таа, изјавил тој. 

По објавувањето на информацијата дека трага по Де Шепер во понеделникот, полицијата веќе добила 30-тина информации поврзани со неа. 

Бриселската полиција во текот на вчерашниот ден спроведе масовна акција за справување со криминалот и илегалната трговија со наркотици на Централната железничка станица во Брисел, при што се

Според полициски извори, станува збор за изјави на луѓе кои лично ја познавале и во тек е анализа и проценка на добиените информации. Пријателка на Де Шепер изјавила дека таа „исчезнала преку ноќ, заедно со сите нејзини работи“. 

- Се уште нема напредок. Сепак и натаму е важно да се споделуваат информации за случајот со полицијата, потенцирал истиот извор. 

Претставникот на полициската Единицата за исчезнати лица, Ален Реми за ВРТ изјавил дека ова е случај без преседан во Белгија. 

- Останува прашањето како можеш да исчезнеш 14 години, а никој да не забележи? Многу чудно е некој да може незабележано да биде исчезнат толку долго време, вели Реми. 

Тој нагласува дека од неговото досегашно искуство може да каже дека е малку веројатно оти мајка би ги оставила своите деца и би заминала без трага. 

- Тоа не наведува на размислување. Се случило нешто што не е во ред. Тоа е моето чувство, врз основа на моето искуство, додава Реми. 

Според полицијата, засега не се исклучува ниту една опција за овој случај. - Дали Хајди започнала нов живот на друго место, дали извршила очајнички чин на самоубиство или е жртва на кривично дело? Сите опции се испитуваат, додава полицијата. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан