• петок, 05 декември 2025

Министерството за правда организира работилници со Советот на Европа и проектот „CyberSEE“

Министерството за правда организира работилници со Советот на Европа и проектот „CyberSEE“

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) -  Во организација на Министерството за правда, а во соработка со Советот на Европа и проектот „CyberSEE“, вчера и денеска, се одржаа работилници со учество на експерти од Естонија и Хрватска.

Првата работилница, како што објави на Министерството за правда, беше посветена на Вториот дополнителен протокол кон Конвенцијата за компјутерски криминал, со учество на експерти од Естонија и Хрватска.

-Работилницата ги обедини интернет провајдерите и правосудните институции за практична анализа на размената на електронски докази, информираат од Министерството за правда.

Северна Македонија ја ратификуваше Конвенцијата во 2004, Првиот протокол во 2005, а Вториот е потпишан во 2022 година. дма/са/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан