• петок, 21 февруари 2025

Министерот Меџити пречека делегација од Меѓународната финансиска корпорација

Министерот Меџити пречека делегација од Меѓународната финансиска корпорација

Скопје, 14 февруари 2025 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити бил домаќин на делегација од Меѓународната финансиска корпорација (IFC) за Северна Македонија предводена од регионалниот директор за земјите од Западен Балкан Николас Маркиер, а присуствувале и одговорниот за Македонија и Косово, Висар Перани, Милица Средановиќ, одговорна за инвестиции во енергетски сектор за Западен Балкан и Вадим Шербаков, одговорен за инвестиции во енергетски сектор за Северна Македонија.

На работниот состанок, како што денеска соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, од страна на ИФЦ бил презентиран моделот за поддршка на приватниот сектор преку јавно приватно партнерство, како потенцијалната долгорочна соработка и можностите за поддршка на економскиот развој на Северна Македонија, особено во имплементација  на зелената агенда како еден од највисоките приоритети на Владата на Република Северна Македонија.

Министерот Меџити ги информирал претставниците на ИФЦ за приоритетите на Владата и превземените активности во таа насока, истакнувајќи го загадувањето на воздухот и управувањето со квалитетот на воздух во урбаните средини како клучен приоритет.

Владата на Северна Македонија, рекол Меџити, се фокусира на идентификување на причините на загадувањето, а не на последиците. Меџити информирал за досегашната поддршка од страна на ЕУ и Светската Банка во оваа област, но потенцирал дека има простор за остварување на јавно приватно партнерство во некоја наредна фаза. 

- Земајки предвид дека главни причини на загадувањето се греењето на домаќинствата и загадување од сообраќај, Владата на Република Северна Македонија  вложува силни напори за исполнување на проектот за гасификацијата, како една од главните решенија, која има за цел граѓаните да користат еколошки начини на затоплување, што ќе придонесе за намалување на загадувањето за 50 – 70 отсто,  истакнал Меџити, се наведува во соопштението од МЖСПП. цр/дма/

Фото: МЖСПП

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан