Министерката Јаневска на Самит на министри за образование во Будимпешта
- Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на Самит на министри за образование, иновации и култура на земјите од Западен Балкан и Унгарија, што се одржува денеска и утре во Будимпешта.

Скопје, 3 февруари 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе учествува на Самит на министри за образование, иновации и култура на земјите од Западен Балкан и Унгарија, што се одржува денеска и утре во Будимпешта.
Јаневска ќе се обрати на две панел дискусии посветени на важноста и можностите за продлабочување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан во областа на образованието и иновациите, како и зајакнување на релациите помеѓу регионот и Унгарија, најави Министерството за обарзование и наука.
Министерката ќе се сретне и со раководството на унгарскиот одбор за акредитација на високото образование, а ќе го посети и Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ. лв/
фото: МИА архива