ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари
- Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.548 денари.
Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) – Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.548 денари.
Податоците на Сојузот на синдикати кој ја изработува синдикалната минимална кошница покажуваат дека за храна и пијалоци се потребни 23.534 денари, а за режиски трошоци 6.130 денари.
Во споредба со октомври кога за минимални месчени трошоци биле потребни 65.544 денари има намалување од 371 денар. бак/са/
Фото: МИА архива