Мигрант нападнал вработен во транзитен центар Табановце
- Мигрант од Сомалија нападнал вработен во транзитен центар Табановце, информираше денеска полицијата.

Куманово, 18 февруари 2025 (МИА) - Мигрант од Сомалија нападнал вработен во транзитен центар Табановце, информираше денеска полицијата.
- Вчера во 08:15часот во СВР Куманово, вработен во транзитниот центар Табановце пријавил дека бил физички нападнат од мигрантот К.С.(27) од Сомалија, информираше полицијата.
По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. ам/са/
Фото: МИА