МИА Најави-свет
- Подгорица – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во посета на Црна Гора.
12 Мај 2026
Подгорица – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во посета на Црна Гора.
Њујорк – Советот за безбедност на ОН ќе го разгледа редовниот извештај за БиХ од високиот претставник на меѓународната заедница, Кристијан Шмит, кој поднесе оставка.
Братислава – Состанок на министрите за надворешни работи на групата „Пријатели на Западен Балкан“, која е составена од членки на ЕУ кои се залагаат за забрзување на процесот на проширување на ЕУ кон земјите од Западен Балкан (Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка, Словенија) и шесторката од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), на кој учествува и европската комесарка за проширување Марта Кос.
Брисел – Состанок на министрите за одбрана на Европската Унија за да се разговара за воената поддршка на Украина, а во тој дел од состанокот ќе им се приклучат и украинскиот министер за одбрана Михаило Федоров и заменик-генералната секретарка на НАТО Радмила Шекеринска. Ќе се дискутира и за ситуацијата на Блискиот Исток.
Никозија – Почнува дводневен неформален состанок на министрите за енергија на ЕУ.
Најроби – Продолжува самитот „Африка напред“ свикан од кенискиот претседател Вилијам Руто и францускиот претседател Емануел Макрон за иновации, раст и зајакнување на партнерството Африка-Франција.
Сеул – Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, во посета на Јужна Кореја.
Кан – Почнува 79-от Меѓународен филмски фестивал, каде што до 23 мај 21 филм се натпреваруваат за главната награда – Златната палма.