• понеделник, 08 јуни 2026
МИА Најави МКД

14 мај 2026

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати по повод отворањето на Народната канцеларија на Претседателот во Скопје. (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 7 / 11:50)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Седница Законодавно-правната комисија. (Сала 4/12:30)

Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу. (Горна сала на Министерство за здравство/10:00)

Валандово - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ќе го посети регионот во Општина Валандово во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. (Јосифово/19:00; Балинци/20:00)

Крушево/Битола - Амбасадорот на ЕУ Михаил Рокас ќе ги посети општините Крушево и Битола. (Изјави за медиуми во хотел „Панорама“ во Крушево/13:15; Плато на Офицерскиот дом во Битола/19:00)

Скопје - Трет состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) во рамките на проектот „WB Reform and Growth Monitor” во организација на Институтот за европска политика. (Клуб на пратеници/10:00, изјави за медиумите во 09:45)

Скопје - Брифинг за медиуми на надлежниот јавен обвинител од ОЈО Куманово, кој постапува во предметот за убиствата на жени во регионот на Старо Нагоричане. (Зграда на Јавното обвинителство на РСМ/10:00)

Скопје - Конференција „Што ги движи иновативните компании? – Корпоративно претприемништво за пазарна трансформација – од бизнис, истражувачка и академска перспектива“, во организација на „Реплек АД“ Скопје и Економскиот факултет при УКИМ. (Управна зграда на „Реплек АД“ Скопје/11:00)

Скопје - Настан „Бизнис со интегритет за конкурентна економија“ во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“. (Хотел „Холидеј ин“/10:00)

Охрид - Официјално отворање на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати. (Хотел „Инекс Олгица“/09:00)

Скопје - Панел-дискусија „Ученички активизам за безбедни училишта“ во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. (Хотел „Солун“/10:30)

Струга - Концерт на Македонската филхармонија во Струга. (Центар за култура „Браќа Миладиновци“/19:00)

Скопје - Свечено отворање на Денови на поезијата. (ТЦ „Сити мол“/18:00)

Скопје - Промоција на романот „Јета“ од Ивана Трајаноска. (Бистро Комедија/18:30)

Скопје - Изложба „Декада на трансформации“ на визуелниот уметник Бојан Ковски. (Сули ан/19:30)

Скопје - Отворање на „Јес Фестивал“ со книжевен настан во галеријата „Чудна шума“. (Галерија „Чудна шума“/20:00)

Софија - Самостојна ликовна изложба „Дамки“ од македонскиот уметник Перо Кованцалиев. (Македонски КИЦ во Софија/18:30)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***