МИА Најави - Свет
- 10 декември 2025
10 декември 2025
Брисел - Европската комисија е домаќин на втората меѓународна конференција на Глобалната алијанса за борба против шверцот со мигранти, на која ќе учествуваат повеќе од 75 делегации и повеќе од 35 министри од земјите-членки на ЕУ и земјите-партнери, како и претставници на меѓународни организации. Настанот ќе го отвори претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.
Стокхолм/Осло - Церемонија на доделување на Нобеловата награда.
Лон - Министрите на ЕУ одговорни за прашањата на ЕУ ќе одржат дводневен состанок со украински претставници.
Лондон - Британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, ќе се обрати пред Парламентот за буџетот за 2026 година.
Сиднеј - Во Австралија стапува на сила забрана за користење на социјалните медиуми за лица под 16 години.
Берлин - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ќе разговара со германскиот канцелар Фридрих Мерц за билатералните односи, прашањата за надворешната политика и подготовките за самитот на ЕУ.
Брисел - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе го примат српскиот претседател Александар Вучиќ.