МИА Најави - Свет
- 22 јануари 2025

22 јануари 2025
Давос - Продолжение на Светскиот економски форум. Најавени се говори на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, шпанскиот премиер Педро Санчез, палестинскиот премиер Мохамед Мустафа и други.
Париз - Средба меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.
Брисел - Годишна прес-конференција на Европската агенција за одбрана.
Осло - Полскиот премиер Доналд Туск во посета на Норвешка.
Њујорк - Одделни состаноци на Советот за безбедност на ОН за Колумбија и Хаити.