28 ноември 2025
Подгорица - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во работна посета на Црна Гора, каде ќе учествува на Балканскиот форум за интеграција 2025.
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски и директорката на УЈП Елена Петрова ќе се обратат на одбележувањето на Денот на даночните работници - Св. Матеј. (Клуб на пратеници/11:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на конференцијата „Хибридни и информациски закани: Од препознавање кон национален системски одговор“ во организација на Институтот за комуникациски студии. (х. „Холидеј ин“/12:30)
Скопје - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и министерката за европски прашања на Шведска Јесика Розенкранц ќе одржат прес-конференција. (Министерство за европски прашања, седми кат, Кеј „Пресвета Богородица“ бр. 3/9:45)
Истанбул - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во дводнева работна посета во Турција.
Скопје - Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски ќе одржи брифинг со медиумите. (РКЕ/13:00, изјави за медиумите/13:30)
Скопје - Настан „Запознавање со обврските од Конвенцијата за унапредување на правата на лицата со попреченост и улогата на Народниот Правобранител“ во организација на Народниот правобранител и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА). (Центар за социјални претпријатија, бул. „Македонија“ бб, зад Спомен-куќата на Мајка Тереза/11:00, изјави од 11:00 до 11:15 од државниот советник кај Народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа и програмската раководителка во ХЕРА Весна Матевска)
Скопје - Прес-конференција на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „За Нас“ по повод одржувањето на Првиот симпозиум на Друштвото на медицински сестри од психијатрија на тема „Современ пристап во грижата и лекувањето на пациентите од областа на психијатријата“. (ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, конференциска сала/13:30)
Скопје - Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет ќе одржи поетскиот настан „ХЕЛИКОН ПРЕД МИКРОФОН: читање антички стихови и современа македонска поезија со одгласи на антиката“. (Филозофски факултет/12:00)
Скопје - Работилница за преведување со д-р Марија Гиревска на тема „Уметноста на преводот и послеживотот на оригиналот“ во организација на Јуроп хаус Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. (Филолошки факултет „Блаже Конески“/11:00)
Скопје - Федерацијата за планинарство на Северна Македонија ќе ја промовира новоозначената пешачка патека „Феникс“, на јужната страна на планината Водно. (https://maps.app.goo.gl/w45RPuEJknvTqsKk9, пристигнување на учесниците на собирното место и изјави за медиуми/9:00)
Скопје - Промоција на монографијата „Шпагети и авјар“ на Каролина Бјеленин Ленчовска. (Институт за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, долна зграда/12:00)
Скопје - Проекција на австралискиот филм „Домаќинство за почетници“ (Housekeeping for Beginners) на режисерот Горан Столевски. (Кинотека/20:00)
Њујорк - Премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. ( IFC Center во Њујорк)
Скопје - Гала оперски концерт на кој ќе настапи Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу, сопран, Исмет Вејсели, тенор и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. (МОБ/20:00)
Битола - Концерт на Тања Царовска и НУ Камерен оркестар Битола на фестивалот „Музика од светот“. (Центар за култура, голема сала/20:00)
_______________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***