• четврток, 04 декември 2025
МИА Најави МКД

10 ноември 2025

Скопје - Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска – Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник проф. д-р Ненад Танески ќе се обратат на свечената заклетва на 29-та класа на питомци/ студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници. (Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје/11:00; пристигнување најдоцна до 10:40)

Скопје - Средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши со амбасадорот на Кралството Саудиска Арабија, Фаисал Гази Исмаил Хифзи. (Стар кабинет/Собрание/12:00)

Скопје - Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. (во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“/11:00)

Скопје - Претставување на проектните резултати од проектот „БАРИСТА – Валидација и транспарентност на вештините за бариста обука“. (во просториите на Институтот за туризам, едукација и менаџмент - ИТЕМ Скопје/17:30)

Скопје - „Stars Symphony“ - концерт на Битолски Камерен Оркестар IWConnect со три сопрани Јаворка Витанова, Виолета Арсова и Зана Абази Рамадани. (Македонска филхармонија во Скопје/20:00)

Велес - Изложба „Порцеланови луѓе-Развој на индустрискиот дизајн во фабриката за порцелан „Борис Кидрич“Титов Велес-1954-2003“. (Ликовен салон при Народниот музеј Велес/19:00)

Скопје - Промоција на романот „Фобос“ од Соња Станковска. (во Бифе МКЦ/20:00)

Скопје - Самостојна изложба на м-р Весна Радишиќ насловена „Имагинарен пејзаж“. (ГАЛЕРИЈА „КО-РА“ - мал салон/19:30)

________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан