• четврток, 04 декември 2025
МИА Најави МКД

26 ноември 2025

Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, директорот на МЦМС и лидер на тимот на Цивика мобилитас, Александар Кржаловски и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев ќе се обратат на Националниот форум - саем на граѓански организации „Соработка помеѓу Владата и граѓанското општество“. (Клуб на пратеници/10:00, изјави за медиумите од амбасадорот Сомер и Александар Кржаловски/ 11:00 часот, изјава на премиерот Христијан Мицкоски е предвидена за 11:30)

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик генералниот секретар на НАТО Радмила Шеќеринска (видео обраќање), амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија Ангела Агелер, амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер, потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија и пратеник Антонио Милошоски и пратеничката во Парламентот на Република Хрватска, Здравка Бушиќ ќе се обратат на регионалната конференција насловена „Стратегиските приоритети на НАТО, ЕУ и Југоисточна Европа во мултиполарниот меѓународен поредок”. (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, голем амфитеатар/11:00, пристигнување на медиумите/10:30)

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе се обрати на јавната дебата по Предлог-текстот на „Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, организирана од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. (Свечена сала на Влада/10:00)

Скопје - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија ќе биде домаќин на 8. Пленарна конференција во организација на Европското движење на тема „Реформи од другата страна на реториката: Регионални предизвици на патот кон Европската Унија“. (Собрание, свечена сала „Купола“/9:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:30)

Скопје - Пратениците на Левица, Димитар Апасиев, Реџеп Исмаил, Амар Мециновиќ ќе одржат средба со кинеската амбасадорка Џијанг Сјaојан. (Струшка Сала/12:00)

Стразбур - Собраниска делегација на 24. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Северна Македонија и Европска Унија во Европскиот парламент во Стразбур.

Скопје - Завршен настан на проектот ЕУ за Економски раст, кој е организиран во вид на саем со 49 изложувачи (мали и средни претпријатија). (х.„Александар Палас“/10:00)

Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 25. седница. (9:30)

Скопје - Националниот совет за медијација на Република Северна Македонија организира настан „Иднината на медијацијата во РС Македонија: трендови и предизвици“. (х. Мериот/09:30)

Кочани - Сојузот на Лајонс клубови на Северна Македонија-Д132 - Скопје ќе донира високотехнолошка медицинска опрема на Ј.З.У. Општа болница со проширена дејност – Кочани. (11:00)

Скопје - „Период на кентаурите “ изложба на скулптури од Недим Хаџи Ахметивиќ - Мафа. (КИЦ, Изложбен салон Империјал 1/20:00)

Скопје - Концерт за две пијана и четирирачно пијано Медитеранска магија Дуо Аврамовска - Мариновски. (Салон 19.19/19:19) 

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан