МИА Најави МКД
- 12 февруари 2025

12 февруари 2025
Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 34-та седница.(Сала „Македонија“-Собрание/11:00)
Скопје - Специјалниот претставник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш во посета на Собранието на Република Северна Македонија каде ќе се сретне со претседателот на Собранието Африм Гаши. (Стар кабинет-Собрание/14:00)
Скопје - Онлајн состанок на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Украина. (Едукативен центар-Собрание/14:15)
Скопје - Прес-конференција на пратеничката Даниела Белимова. (Прес-центар на Собрание/10:30)
Кавадарци - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во посета на општина Кавадарци:
- пуштање во употреба на реконструираниот пат од село Дабниште до село Ресава (13:30, изјава за медиуми)
- реконструкција на фекална канализација во село Дабниште (14:00)
- реконструкција на пристапен пат од село Ресава до викенд населба Косовец, покрај Тиквешкото езеро. (14:15)
- пуштање во употреба на спортска сала во село Возарци. (14:40)
Скопје - Прес-конференција на министерот за локална самоуправа Златко Перински на која ќе го најави вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти од потпрограмата АА за 2025 година. (Медија центар во Влада/11:00)
Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи втората седница. (09:30)
Скопје - Судскиот совет ќе ја одржи 515-та седница. (10:00)
Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија организира настан на тема: „Презентација на резултатите од Aнкетата за странските директни инвестиции за 2024 година“. (во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, во сала 4 на 5-ти кат/11:00)
Штип - Ректорот на Уиниверзитетот „Гоце Делчев“ Дејан Мираковски ќе оствари средба со директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска Михајловска. (Ректорат на УГД/10:00)
Скопје - Научно-стручен собир посветен на развојот на туризмот во Македонија, во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. (Музеј на македонската борба за самостојност во Скопје/11:30)
Скопје - Промоција на книгата и панел-дискусија „Креативност во работа со деца“. (Дом на култура „Биљана Беличанец“, Кисела Вода/ 13:30, изјави за медиуми/13:15)
Скопје - Промоција на книгата „Се викам храброст“ во рамки на „Денови на литературата“. („Литература.мк“, „Дајмонд мол“/18:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Вечното танго - љубов - што е тоа љубов“. (Галерија „КО-РА“/19:30)
________________________________________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***