• четврток, 04 декември 2025
МИА Најави МКД

11  ноември 2025

Ресен - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Општина Ресен. (Општина Ресен/11:00)

Охрид - Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја посети фабриката КОСТАЛ Македонија во ТИРЗ Охрид. (Предвидена изјава за медиуми/9:30)

Скопје - Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи,  генералниот секретар на RCC, Амер Капетановиќ, заменик-генерален директор за јавна безбедност во МВР на Италија, Стефано Гамбакурта и амбасадорот на Италија Паоло Палминтери ќе се обратат на 10-тата Годишна регионална конференција за координација на безбедноста („Jumbo“). (х.„DoubleTree“/9:30, изјава од генералниот секретар на RCC, Амер Капетановиќ/10:15-10:45)

Скопје - Министерот за здравство Азир Алиу ќе присуствува на прес-конференција посветена на ретките болести, во организација на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“. (Простории на МАНУ/ 11:00)

Скопје - Амбасадорот на Државата Израел, Вивиен Аисен и д-р Алмира Халперин, виш научен соработник за БИКОМ ќе одржат средба со Пратеничката група на Собранието за соработка со парламентот на Државата Израел на тема„ Неуспехот на антитерористичките политики и нивното влијание врз глобалните општества по нападите од 07.10“. (Сала на Уставна комисија/12:00)

Скопје - Стопанската комора, во соработка со Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа (SEC), и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија во Скопје, организира деловен настан „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ на кој обраќања ќе имаат амбасадорот на Швајцарија во земјата, Н.Е. Кристоф Зомер, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и Оливер Бертшингер, претседател и извршен директор на SEC. (Стопанска комора, 5 кат, конференциска сала/ 9:30, изјави за медиумите/9:20)

Скопје - Официјално започнување на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“ во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ). (х.„Холидеј ин“, сала „Милениум 1“/11:00, медиумите да пристигнат најдоцна до 10:45)

Скопје - Прес-конференција на Европската асоцијација за образование во затворите (EPEA) и Здружението за неформално образование „Европски културен епицентар Битола“ (EKE Битола) по повод почетокот на меѓународната конференција посветена на едукацијата на затворениците, „Трансформирање на животите преку образование во затворите – Ајде да зборуваме“. (х.„Александар Палас“/9:30) 

Штип - Стартап-настан „Сакаш да основаш стартап? во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, во соработка со СТАРТАП КЛУБ Скопје. (Економски факултет – Штип, Мултимедијален центар/11:00)

Куманово - Прослава по повод Денот на градот на Општина Куманово – 11 Ноември. (Полагање на цвеќе на локалитет Спомен Костурница/11:00; Свечена седница во Занаетчиски дом Куманово/12:00)

Скопје - Тркалезна маса по повод книгата „И повторно политика, култура, идентитет“ од Ангелина Бановиќ Марковска и Златко Крамариќ во издание на МИ - АН. (КИЦ, Салон-Империјал 2/12:00)

Скопје - Предавање и изложба „Македонскиот фронт низ слики и предмети". (Europe House, Скопје/19:00) 

Демир Хисар - Меѓународна ликовна изложба Михајлово-Кавадарци. (Дом на култура „Илинден“/12:00)

Скопје - Прес-конференција по повод отворањето на Villarreal Masters Academy. (Enterprise Business Center, ул. Железничка 41/2, кат 4/12:00)

Скопје - Прес-конференција по повод модниот настан Zanov Decade. (iOLite HUB, ул. Наум Наумовски Борче 40, Бизнис центар Блок 40, кат 8/11:11)

Скопје - Отворање на фото-изложбата EU4Green „Најзелените примери од Западен Балкан“. (Public Room/11:00 

Скопје - Отворање на изложбата „Конзуларните претставништва 1880 - 1914“. (НУ Музеј на македонската борба за самостојност/12:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Пурпурна имагинација“ на Сафет Спахиу. (Чифте амам/19:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Отуство на смртта во преднеолитските и неолитските култури“. (Музеј на град Скопје/20:00)

Скопје - „Коцка по коцка квадрат“ изложба на слики од Валентина Илијевска. (КИЦ, продажен ликовен салон/20:00)

Скопје - Концерт на Мандолинскиот концерт „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри. (Филхармонија, камерна сала/20:00)

Скопје - Концерт во чест на Кире Костов. (НОБ/20:00)

________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан