• сабота, 22 февруари 2025

Меџити: Словенија е силен партнер во нашето напредување кон ЕУ

Меџити: Словенија е силен партнер во нашето напредување кон ЕУ

Скопје, 12 февруари 2025 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија и министер за Животна средина Изет Меџити, оствари средба со специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеж, како и со словенечкиот амбасадор во земјата, Грегор Прескер.  

За време на средбата, како што информираат од МЖСПП, се разговарало за предизвиците и можностите за европска интеграција, зајакнувањето на билатералната соработка и значењето на регионалната стабилност.  

-Словенија отсекогаш била силен партнер и поддржувач на нашата земја и регионот. Нејзината поддршка и искуство се од исклучително значење за забрзување на нашите реформи и напредокот кон ЕУ, истакна Меџити.  

Тој го нагласи посветеноста на Владата за „постабилен и интегриран Западен Балкан“, при што ја истакна важноста на соработката со меѓународните партнери во овој процес. аа/мд/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан