Мерцедес повторно ќе произведува Г-Класа Кабриолет
Мерцедес планира да ја лансира новата кабриолет верзија на Г-Класа, која наскоро треба да биде претставена.
Поминаа повеќе од десет години откако Мерцедес последен пат произведе стандардна Г-Класа Кабриолет. Исклучок беше Мајбах Лондалет во 2017, кој беше ограничен на само 99 примероци. Оттогаш, Г-Класа не доби кабриолет изведба, освен неколку тјунерски верзии како оние од Брабус.
Новата генерација се очекува да биде произведена во фабриката во Грац, каде што традиционално се произведува Г-Класа. Иако Мерцедес ги чува деталите во тајност, се знае дека моделот ќе се продава на речиси сите поголеми пазари, вклучувајќи го и САД.
Новиот Кабриолет нема да биде екстремен како претходниот Лондалет со В12 мотор. Наместо тоа, се очекува да се базира на Г550 со платнен покрив. Нема индикации дека ќе биде заснован на електричната платформа на Г580, па бензинската верзија е најреалната опција, а можно е дури и дизелот Г450д да добие кабриолет варијанта.
Овој модел доаѓа по голем јубилеј за Mercedes, кој неодамна ја произведе својата 600.000та Г-Класа, 46 години по првиот примерок. Иако точниот датум на премиера не е објавен, се очекува претставување до крајот на годината. Продажбата треба да започне во 2026, а цената ќе биде повисока од актуелниот Г550, кој започнува од 140.000 евра.
Фото: ФБ - Мерцедес Г- Класа