• петок, 21 февруари 2025

Мерц во изјава за Дојче Веле се огради од АфД: Ние не соработуваме со таа партија

Мерц во изјава за Дојче Веле се огради од АфД: Ние не соработуваме со таа партија

Берлин, 4 февруари 2025 (МИА) - Лидерот на германската конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и најверојатен кандидат за нов германски канцелар, Фридрих Мерц, се огради од екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), пишува Дојче веле.

На прашање од германскиот јавен сервис дали успеал да ги убеди гласачите дека во иднина нема да соработува со АфД, Мерц рече дека „никој не треба да се сомнева во тоа“.

-Граѓаните не треба да се сомневаат затоа што мојата порака отсекогаш била многу јасна: ние не соработуваме со таа партија. Ни минатата недела, ни оваа недела, ни следната недела, ниту неделата потоа. Нема да ги толерираме , не водиме никакви преговори со АфД, рече Мерц.

Кога ЦДУ се потпираше на гласовите на АфД за да го протурка законот против имиграцијата низ Бундестагот минатата среда, се чинеше дека партијата на Мерц ги напушта децениските политички конвенции во Германија, што предизвика масовни протести низ целата земја, но Мерц инсистираше на тоа дека ЦДУ нема намера да соработува со партијата која, како што рече, сака да ја „уништи ЦДУ“.„

-АфД се залага за работи сосема спротивни од сè што ни е важно, имено НАТО, западните односи, Европската унија и еврото. АфД е против сето тоа, рече Мерц, пренесе Дојче веле.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан