• петок, 21 февруари 2025

Мерсие: Почитувањето на правата на НВО е дел од обврските од преговорите за членство во ЕУ

Мерсие: Почитувањето на правата на НВО е дел од обврските од преговорите за членство во ЕУ

Брисел, 23 јануари 2025 (МИА) – Европската Унија ги поддржува организациите на граѓанското општество во сите земји опфатени со процесот на проширување, вклучително и Србија, и нагласува дека почитувањето на нивните права е дел од обврските од преговорите за членство во ЕУ, изјави портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие.  

- Граѓанското општеството и независните медиуми играат витална улога во развојот на здраво и демократско општество, рече Мерсие во одговор на прашањето за коментар на ЕК на информациите за протерување на 13 активисти на странски невладини организации од Србија, меѓу кои и државјани на ЕУ и на земјите опфатени со процесот на проширување. 

Според Мерсие, напредокот на Србија на патот кон ЕУ зависи од активното учество на сите засегнати страни во тој процес и преку поддршка на напорите на граѓанското општество и медиумските организации за изградба на демократска и инклузивна Србија во интерес на сите граѓани. 

Тој повтори дека ЕУ внимателно ја следи внатрешната политичка ситуација во Србија поврзана со протестите и дека ги охрабруваме сите политички актери да се вратат на дијалогот и да се воздржат од ескалација на тензиите. сп/

Фото: Скриншот

Остани поврзан