• петок, 21 февруари 2025

Мендеш договорa трансфер на Жоао Феликс во Милан

Мендеш договорa трансфер на Жоао Феликс во Милан

Милано, 1 февруари 2025 (МИА) - Италијанскиот гигант Милан покажува интерес за напаѓачот на Челси, Жоао Феликс. Токму поради оваа причина, познатиот фудбалски менаџер Жорже Мендеш е во Италија, каде што ќе се обиде да преговара за договор меѓу двата клуба.

Покрај Феликс, Мендеш е агент и на тренерот на Милан, Серхио Консеисао, што би можело да го олесни евентуалниот договор.

Милан е заинтересиран за Феликс, иако клубот се надева дека ќе го обезбеди и потписот на Сантијаго Хименез од Феенорд. дс

Фото: Архива

Остани поврзан