• четврток, 25 декември 2025

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Скопје, 19 декември 2025 (МИА) - Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи 25. Меморијален турнир во мал фудбал, кој се одржува во чест на загинатите припадници на Армијата во 2001 година и загинатите припадници на полицијата од настаните во Куманово во 2015 година.

На турнирот ќе настапат екипи од Армијата, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.

На отворањето на турнирот ќе се обратат министрите за одбрана и за внатрешни работи Владо Мисајловски и Панче Тошковски и претседателот на здружението „Херои на Македонија 2001-2015“, Владо Стојановски.

Меморијалниот турнир оваа година е во ко-организација на Министерството за одбрана и Здружението на загинати припадници на вооружените сили на Македонија – „Херои на Македонија 2001-2015“.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан