МД „Илинден“ - Тирана му го честиташе изборот за претседател на албанскиот парламент на Пелеши, за кого македонската е прекрасна, вредна и почитувана заедница
- Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, од име на македонското национално малцинство во Албанија, му го честиташе изборот за претседател на парламентот на Нико Пелеши, кој често кажува дека „македонската заедница е прекрасна, вредна и почитувана заедница, што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности во Албанија“.
Дебар, 19 септември 2025 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, од име на македонското национално малцинство во Албанија, му го честиташе изборот за претседател на парламентот на Нико Пелеши, кој често кажува дека „македонската заедница е прекрасна, вредна и почитувана заедница, што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности во Албанија“.
- Во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, како и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, ви гочеститаме изборот на функцијата претседател на Собранието на Република Албанија и ви посакуваме успех. Македонското национално малцинство во Република Албанија ве поддржува безрезервно и е убедено во вашиот успех, стои во честитката. Веруваме, се додава, дека со вашето водство на Собранието ќе помогнете во подобрувањето на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија.
Нико Алекс Пелеши (55) кој е родум од Корча и за пратеник беше реизбран во оваа изборна единица.
При една од посетите на населените места во Општина Пустец, која територијално припаѓа во Округот Корча, порача дека „без разлика на некои странски влијанија, во Преспа живеат Македонци“.
-Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една прекрасна, вредна и почитувана заедница, што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, вели Пелеши. вт/
Фото: Пелеши ФБ (архива)